Македонски манифест: Предупредување до Владата, ЕУ и НАТО ни се нуди за името

Крајно време е и нашата влада да ги повлече црвените линии, предупредија денеска членовите на Македонски манифест по повод посетата на помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд.

„Македонската влада треба храбро да им објасни на Вашингтон и Брисел, а пред сѐ на самите Македонци, дека нашето име од искона е Македонија, а ние Македонци и од тоа нема поместување ни буква ни милиметар. Ќе се бориме до крај, по цена на животот, бидејќи и нашиот живот на индивидуи и колектив, нашиот идентитет, култура и историска меморија извираат од името“, велат од здружението.

Писателот Ефтим Kлетников потсети на изјавата на амбасадорот на САД во Република Македонија, која всушност била еден вид подготовка пред доаѓањето на Нуланд. Амбасадорот Бејли рече: „Нашите народи имаат многу заеднички нешта. Ние сме мултиетнички земји, кои не се дефинирани од една етничка група и јазик“.

„Доволно. Итрата порака на Бејли е јасна - Македонија не може да биде дефинирана од Македонците, не постои македонски државен суверенитет, Македонците не се државотворен народ. Ни се нудат НАТО и ЕУ како замена за името“, велат од здружението.

„Не знаеме за што се зборува со Нуланд зад затворени врати, но претпоставуваме дека во тие разговори се врши силен притисок врз македонскиот идентитет, тој целосно да се детронизира и да се проомени името“, предупредија од Македонски манифест.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе