Прифаќањето на иницијативата за оценката на уставноста на одредбите од Законот за помилување што се однесуваат на правото на претседателот на Републиката за помилување лица кои сториле кривични дела поврзани со изборниот процес, за Либералната партија значи можност за помилување на лица што го криминализирале изборниот процес и ја попречувале и искривувале волјата на гласачите.
„Но, во очекување на претстојни парламентарни избори како дел од излезот на тековната криза, кога и да се одржат тие, со отворањето на постапката и веќе извесната одлука на Уставниот суд, органот задолжен за заштита на уставноста практично ќе ги охрабри сите насилници да вршат кривични дела и преиначување на искажаната волја на граѓаните во уште поголем обем“, соопшти ЛП и предупреди дека тоа е вовед во дополнително разгорување на изборното насилство и нов елемент за продлабочување на кризата.