ЛП: Мнозинството во Парламентот да прејде на избор на спикер и влада

Извршниот Комитет на Либералната партија оценува дека оправданите настојувања на парламентарното мнозинство што побрзо да се конституираат државните органи т.е. да се избере претседател на Собранието и влада на Република Македонија се во опасен застој. 

„Се наоѓаме во ситуација кога секој изгубен ден во стапувањето во функција на институциите ја зголемува опасноста во државата. Затоа апелираме партиите од парламентарното мнозинство добро да ја согледаат ситуацијата и со поддршка од нашите пријатели од меѓународната заедница и домашната јавност да прејдат на избор на претседател на Собранието и избор на влада.

Одолговлекувањето на тие потези ги охрабрува сите оние кои се противат на конституирањето на државната власт во Македонија и затоа не треба да се чека. Притоа ги поздравуваме се поотворените обиди од страна на меѓународните фактори да помогнат што побрзо да се конституира државната власт во земјата“, соопшти ЛП.

Од Партијата ја повикуваат домашната јавност да не остане само на загриженост за состојбите, туку активно да го манифестира своето незадоволство од состојбите и јасно да му даде поддршка на формираното парламентарно мнозинство.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе