Локвенец: Се остваруваат стратешките интереси на Македонија

СДСМ денеска им честиташе на граѓаните за поканата што ја доби Македонија за влез во НАТО, со што, како што велат, се остваруваат врвните стратешки интереси на Македонија, поставени уште од денот на нејзиното осамостојување. 

„Се реализираат децениски заложби на нашите граѓани, на сите досегашни влади и собраниски состави. Лидерството на Македонија е препознаено, успехот е соодветно вреднуван. Македонија станува 30-та членка на НАТО, македонското знаме ќе се вее на 30-тиот јарбол пред седиштето на НАТО во Брисел. Членството во НАТО не само што обезбедува загарантирана безбедност и сигурност, туку отвора пат до нови фондови, зголемена конкурентност, носи повеќе инвестиции, нови работни места, а со тоа и поголем квалитет на животот на сите граѓани во Република Македонија”, изјави пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец.

Тој на прес-конференција во Собранието информираше дека пратениците остануваат силно посветени на евроинтегративните процеси што обезбедуваат полноправно членство во ЕУ и НАТО. 

„Комисијата за одбрана и безбедност, денес донесе едногласен заклучок, на Собранието да му предложи Декларација за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО. Очекуваме дека оваа Декларација, ќе биде со акламација усвоена на седницата, следниот вторник на 17 јули”, изјави Локвенец.

 

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе