Левица: Зошто се отпуштаат работниците од странската инвестиција во Кичево?

Левица најостро го осудува отпуштањето на десетмина вработени од странската инвестиција „Ки сејфти системс“ која свои погони има во индустриската зона во Кичево. Работниците тврдат дека се отпуштени поради формирањето на синдикална организација. Членувањето во синдикална организација не смее да биде основ за отпуштање од работа, а синдикалниот претставник ужива и посебна заштита согласно Законот за работни односи, реагира Левица.

„Со ова уште еднаш се покажува бескрупулозниот однос на странските инвеститори кои се тука само за да ги искористат привилегиите и бенефициите кои ги добиваа од претходната влада. Што е уште потрагично, ниту сегашната влада нема намера да го преиспита односот кон странските инвеститори и продолжува праксата на сервилен однос кон крупниот капитал.

Левица започна со кампања за пријавување на кршења на работнички права до трудовиот инспекторат. Па затоа, ја користиме оваа прилика јавно да го повикаме инспекторатот да го истражи овој случај и да не дозволи негово заташкување.

Синдикалното организирање е најмоќниот инструмент во рацете на работниците кога нивните права се кршат, а секоја одговорна власт мора да го спречи газењето на правото за синдикално организирање на работниците“, соопшти Левица.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе