ЛДП: Власта да не си игра со вработените во „Македонски железници“

„Шести ден патничките и товарните возови во Македонија не сообраќаат поради протестот на вработените, кои бараат исплата на јануарската плата, а штети трпат и патниците и компаниите. Ова е уште еден доказ како власта во заминување си поигрува со егзистенцијата на вработените и воопшто со достоинството на човечкиот капитал", соопштија денеска од ЛДП.

Од партијата обвинија дека новите локомотиви, од 25 милиони евра, биле набавени исклучиво за сликање и промоција на ВМРО-ДПМНЕ пред медиумите, без притоа за истите да има инфраструктура која ќе може да ги валоризира нивните перформанси.

„Го повикуваме менаџментот на МЖ да се однесува транспарентно и професионално, да не подлегнува на политички притисоци и да најде начин час поскоро го реши проблемот. Пред да замине од премиерската функција, Емил Димитриев да издвои средства од буџетот за покривање на загубите на МЖ и исплата на редовни плати за вработените“, побараа преку соопштение од ЛДП.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе