ЛДП: Повторно се покажа апсурдноста на екстерното тестирање

Заврши екстерното тестирање на учениците во основните и средните училишта. И оваа година се покажа неговата апсурдност. Екстерното тестирање продолжува да претставува ноќна мора и за учениците и за родителите, како и за наставниците, соопшти ЛДП. 

Наместо да се развива креативноста кај учениците, тие се принудуваат да ги учат напамет дадените одговори на прашањата за екстерното.

Голем дел од пршањата се во насока на ‘труењето’ на децата со пропаганда на режимот. За ова сведочат и бројните реакции на учениците и на родителите, како и на наставниците. Власта останува и натаму глува за овие реакции. Екстерното тестирање, измислено од овој автократски режим, се користи како механизам за притисок на наставницте. Оценувањето е само мал дел од севкупниот ангажман и работа на наставниците. Стручната подготвеност, методите и техниките кои наставникот ги користи, односот со учениците, како и надградувањето воопшто не се земаат предвид и се се сведува на сувопарно пресметување на разликата на оценките на наставникот и оценките добиени на екстерно тестирање, стои во соопштенбието од партијата.

Либерално-демократската партија им ветува на граѓаните дека наскоро, по падот на оваа владејачка гарнитура, екстерното тестирање ќе биде укинато. ЛДП, како дел од идната власт, ќе воведе реформа со која ќе се унапреди руинираниот образовен систем и со чија главна цел ќе биде развојот на креативноста и иновативноста како кај учениците, така и кај наставниците, сопшти ЛДП.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе