РЕАКЦИЈА

ЛДП: Одлуката на Уставниот суд е потврда за спрегата меѓу извршната власт со поединци од судството

Срамна и недемократска е одлуката на Уставен суд за промена на Законот за помилување, со која повторно му се даде право на претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности, стои во реакцијата на Либерално-демократската партија (ЛДП).

За ЛДП, овој чин е уште една потврда за спрегата меѓу извршната власт со поединци од судството, кои, велат тие, сакаат да ги аминуваат изборните криминали и да владеат со погазување на волјата на народот.

„Го повикуваме претседателот Иванов да ги надмине тесно-партиските интереси на владечката партија и да постапува цивилизирано во интерес на  граѓаните. Јасно е како ден дека ова барање следува откако Специјалното јавно обвинителство го отвори предметот ’Титаник’, во кој се вмешани актуелни и поранешни функционери“, реагираат од ЛДП.

Од таму апелираат до сите политички чинители и меѓународниот фактор, што поскоро да се формира специјален суд, а со цел да ги процесуира транспарентно и законито сите обвиненија на Специјалното обвинителство.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе