ЛДП: Институциите да го поништат договорот за нов Клинички центар

Во кое својство Никола Тодоров потпишува милионски договори со поддршка на техничка Влада, која патем нема друга функција освен организирање избори, прашуба ЛДП.

„Никола Тодоров, Никола Груевски и Емил Димитриев денеска потпишаа и поддржаа скандалозен и бескруполозен договор за изградба на нов Клинички центар во Скопје, свесно произведувајќи нови линии на поделба и беззаконие во Македонија.

Потпишувањето ваков договор од страна на лице кое не е ништо друго, освен пратеник во новиот собраниски состав, е класично кршењето на Уставот и законите во државата“, се вели во соопштението од ЛДП.

ЛДП, како дел од новата влада, највува дека ќе го преиспита договорот и за истиот ќе има одговорност. Истовремено, од партијата ги повикуваат и институциите да го поништат овој договор, кој претставува преседан во секој поглед.

„И компаниите потписници на договорот би требало да знаат дека оваа техничка влада ниту имала, ниту има легитимитет да потпишува проекти, уште повеќе што се работи за изградба на клинички центар, кој е од голем национален интерес“, додава ЛДП.

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе