Костовски: Законот за јазиците е противуставен и беше донесен шверцерски

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека партламентарното мнозинство предводено од СДСМ вчера донесе неуставен закон за двојазичност со кој се деградира употребата на македонскиот јазик и истиот се сведува на ниво на еден од јазиците кои се говорат во Република Македонија.

„Овој закон е во спротивност со Амандманот 5 од Уставот на Република Македонија. Со овој јазик се врши фаворизирање на само една етничка заедница-албанската, додека од друга страна сите други се маргинализираат.

Можноста судските, управните, извршните, предистражните, истражните, кривичните, прекршочните, парничните, вонпарничните и другите постапки да се водат на еден од двата јазици ја релативизира официјалноста на македонскиот јазик. Дополнително невозможно е закон кој се носи со апсолутно мнозинство да се усогласува со одредби во закони кои се носат со двотретинско мнозинство.

Двојазичност на униформите на полицијата, здравствените работници и пожарникарите ја надминува уставната рамка. Според Уставот, двојазичноста може да важи за локални институции, а не во државните институции, како што тоа се прави со овој закон.

Законот за двојазичност го надминува и Рамковниот договор во точка 6 од истиот, во делот на образование и употреба на јазиците“, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, ако СДСМ сакаше да прошири одредени јазични права тоа, како што вели, можеше да го направи со измена и дополнување на постојниот Закон за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа.

„Целата постапка беше изведена шверцерски, надвор од законските процедури со ставање на европско знаменце. Најсрамно беше злоупотребена постапката за донесување на закони од значење за интеграција на државата во ЕУ“, додаде Костовски. 

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе