ПО НАЈАВАТА ОД ДУИ

Ќе се избира Заев за мандатар, попладнево централен и извршен одбор на СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска на пладне ќе одржи состанок на централниот, а потоа и на извршниот одбор, на кои официјално за мандатар ќе биде избран партискиот лидер, Зоран Заев.

СДСМ официјално ќе предложи Заев да биде предводник на новата влада доколку мандатот го земе опозицијата. Иако портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, официјални информации од исходот на преговорите на централното претседателство најави за в понеделник, тие доцна вчера одлучија да му ги дадат потписите на Заев за тој да формира парламентарно мнозинство.

Она што не појаснија од партијата е дали ќе коалицираат со социјалдемократите или пак ќе дадат поддршка за малцинска влада.

Во ситуација кога се надминати разликите со ДУИ и за спорните прашања, се очекува веќе следната недела Заев да ги достави потписите до претседателот на државата Иванов и со тоа да го побара мандатот за состав на новата влада.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе