Кекеновски: Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки

Овој „боксеров" и театарски статист не реагираше вака кога амнестираше терористи и кога преговараше за тиранската платформа. Бајаги задоцнил со глумење патриотизам и покажување сила, реагира претседателот на здружението Фродем Јове Кекеновски на денешниот настап на пратеникот Никола Груевски.

Кекеновски и внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, кои настапуваат како фракција во партијата ги повикаа сите пратеници да поднесат оставка на функцијата пратеник, а истото да важи и за останатите од партиската листа. „Во спротивно ќе бидат пасивни соученици кои придонеле за разградување на државата, а не презеле ништо“, коментираат од ФРОДЕМ и внатрепартиска иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ - фракција во партијата.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе