Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ осомничен за поткуп на гласачи, партијата вели тоа е „местенка“

Полицијата во Кочани повикала на разговор кандидат за советник на ВМРО-ДПМНЕ под сомнение за поткуп на гласачи.

Случајот се работи во консултација и по налог на Јавно обвинителство. Кандидатот за советник бил повикан во станица и кај него се пронајдени пари, списоци со гласачи и други материјали.

ВМРО-ДПМНЕ реагираше со соопштение во кое тврди дека сослушувањето на нивниот кандидат за советник во Кочани е одраз на стравот на СДСМ од изборниот пораз. Toa, според партијата, e само обид на затскривање на вистинските нерегуларности кои се случија во овој предизборен период.

„ВМРО-ДПМНЕ е силно и ужива голема поддршка кај граѓаните, тоа е болката на СДС и причината за сите местенки“, се вели во реакцијата.

 

 

 

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе