ПРЕД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Кандидат на СДСМ за Дебрца е Благојче Стојчески

Поранешниот директор на јавно претпријатие на Дебарца, Благојче Стојчески е кандидатот на СДСМ за градоначалничкото место во оваа општина за октомвриските локални избори.

 

Партијата го обвинува досегашниот градоначалник Игор Трајкоски за големи трошења за службени патувања и за ручеци.

„Во последните 4 години крајно расипничко и нетранспарентно беше трошењето на општинските пари и во делот на службените патувања. Во 2013 година за дневници за патувања во земјата потрошени се 122.000 денари, во 2014 година потрошени се 178.800 денари, во 2015 година потрошени се 200.400 денари, во 2016 година потрошени се 178.920 денари. За споредба, за време на претходната локална власт, во 2012 година потрошени се само 8.000 денари.

Трајкоски успеал трошоците за дневници да ги зголеми од 15 пати во 2013 година до 25 пати во 2015 година, кога се реализирани 250 дневници, во исто толку работни дена во годината. И притоа, најголемиот дел од дневниците завршиле во џебот на градоначалникот и неговиот возач, кои на овој начин ем патувале со службеното возило, ем си обезбедувале дополнителен приход на општинска сметка“, велат од СДСМ.

Eве ние ве сакаме, ве каниме да ни се придружите, ама за тоа ќе морате да се откажете од најсветото, од вашето „јас“ !?

повеќе

Доколку Нимиц нè разочара, Владата ќе биде исправена пред тешка дилема дали да стави помалку поволен предлог на референдум или да чека поповолен за да ги максимизира шансите референдумот да успее, но притоа и да ризикува губење на моментумот.

повеќе

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе