Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на Апелација е „димна завеса“ за штетниот договор со Бугарија

Судот и правосудните органи во Република Македонија се под сериозен притисок на новата власт на СДС, да донесуваат политички нарачани одлуки, обвини денеска Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред Алеацискиот суд тој кажа дека Судот подлегнал под „срамен“ притисок и донел незаконска и скандалозна одлука со која отвора врата за нелегалните прислушкуваните разговори да бидат користени како докази во кривична постапка.

„Одлуката на Апелација е целосно незаконска и во спротивност на член 12 став 2 од Законот за кривична постапка, кој вели дека доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија и меѓународните договори не можат да бидат користени како докази во постапка и врз основа на истите не може да се заснова судска одлука.

Судиите од Апелацискиот суд се ставија во улога на заштита на Заев и неговите штетни политики“, изјави Јовановски.

Оваа одлука, според него, била „димна завеса“ од која народот немало да го види штетниот договор со Бугарија, откажувањето од македонското малцинство кај нашиот сосед, опасноста од измена на учебници и бришење на македонската историја.

„На судиите од апелација побитно им беше да се додворат на Зоран Заев и на Красимир Каракачанов и Божидар Димитров, отколку да ги почитуваат законите и правото.

Ваков незаконски преседан е невиден во светски рамки. Ваквата незаконска одлука е штетна за македонското судство и општество, бидејќи праќа јасна порака дека и законите можат да бидат погазени и заобиколени, кога се работи за притисок од страна на Заев и Катица Јанева“, додаде Јовановски. 

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе