Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Јанушев: Заев и Димитров сакаат со пенкало да ја избришат цела македонска нација

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денеска на прес-конференција изјави дека Атина со помош на Зоран Заев го завршува тоа што не успеа цели 100 години и дека наскоро „по вина исклучиво на Зоран Заев и СДСМ – идните граѓани на Македонија, учениците ќе учат историја напишана од грчки научници”.

„Во членот 8 од капитулантскиот Договор се предвидува да биде откорнат, ископан, отстранет семакедонскиот симбол – Македонско сонце, предвидено е дека криминалната Влада на Заев ги прифаќа сите географски имиња –историски македонските имиња и топоними – да ги нарекува со грчки.

Истиот член, прифатен со пенкалото на Заев, предвидува формирање на таканаречена ‘заеднички интердисциплинарен комитет’, кој што ќе изврши ревизија на било кои учебници и помошни наставни материјали – како историски карти, атласи, наставни упатства за да обезбеди, како што се вели „нити еден учебник да не содржи какви било иредентистички односно ревизионистички упатувања“, изјави Јанушев.

Според него, Зоран Заев и Никола Димитров со овој договор сакаат со пенкало да ја избришат цела македонска нација, целата нејзина историја, се атакува на нејзино културно наследство, целосно на нејзината државност, прикажувајќи ја како целосно нова вештачки измислена творба.

„Иако тоа не беше дел од преговорите, сега со добрата волја на Заев, од македонската меморија ќе треба да се избришат Солун, Кукуш, Лерин.

За почеток, тие ќе исчезнат од македонските учебници, македонските патокази од сите документи. Грчките географски поими ќе мора да ги користиме онака како што ги нарекува јужниот сосед. Откажувањето од топонимите е бришење на дел од културата и историјата на еден народ. Македонија ќе биде единствена која се откажува од своите егзоними.

Солун ќе биде Тесалоники, Кукуш, родниот Кукуш на Гоце Делчев, за учениците од Северна Македонија ќе биде Килкис. Воден – Едеса. Кутлеш – станува Вергина! Костур – Касториа! Сер – Серес!”, додаде Јанушев.

Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се поколеба ниту милиметар во своите ставови во однос на овој, како што го нарече, срамен и капитулантски Договор за името кој за нас е неприфатлив.

 

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе