ГРОМ

Јакимовски: СЈО дели селективна правда

ГРОМ како политичка партија веќе предупреди на двојство и негативните ефекти од постоењето на паралелни институции во правниот поредок на Република Македонија. Оттука ГРОМ прашува: како тоа се бара притвор за градоначалникот на Битола Владимир Талевски, а не се бара притвор за градоначалникот на Струмица Зоран Заев?, рече на денешната прес-конференција претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовско по повод барањето на СЈО за притвор на градоначалникот на Битола,  Владимир Талевски.

На градоначалникот на Битола му се ставаат на товар ,, рекла- кажала ‘’ муабети од неовластени прислушкувања. Наспроти него е Зоран Заев, градоначалникот на Струмица, на кој со обезбедени посебни истражни мерки во видео запис, се гледа како бара поткуп од 200.000 евра, пришто ги наведува сите лица од кои патем земал поткуп, ја објаснува технологијата на земање мито и конечно го наведува и крајниот ,, благајник’’ – брат му Вице, како човек кај кого завршуваат парите“, изјави лидерот на ГРОМ.

„Дали е споредливо политичкото влијание што го имаат Владимир Талевски и Зоран Заев во Република Македонија? Какво е влијанието на Владимир Талевски врз јавното мислење во Дебар, Велес, Пехчево, Крива Паланка и низ Македонија,  а какво е на лидерот на опозицијата“, запраша првиот човек на ГРОМ.

Понатаму, Јакимовски трвди дека моралниот кредибилитет на сите политичари треба да биде кристално чист, но во однос на Владимир Талевски, рече тој, моралниот кредибилитет на Зоран Заев треба да биде 100 пати почист, како лидер на опозицијата.

„Заканите од мито, корупција и криминал не доаѓаат од Владимир Талевски, туку од Зоран Заев. Еве го двојниот аршин во функционирањето на правниот поредок во Република Македонија. На еден начин функционира Државното јавно обвинителство, на поинаков – СЈО. Државното јавно обвинителство, за докажано кривично дело не апси, а СЈО за недокажано кривично дело бара притвор? Ќе ни одговори ли некој од правните душегрижници, колку пати во 365 дена Зоран Заев може да го повтори делото и да бара поткуп. Колку и да сакаме да не бидеме критички расположени кон СЈО,  да  не сме цинични и да не ги омаловажуваме, самите специјални обвинители го прават тоа, така што применуваат селективна правда и селективно го гонат криминалот“, рече Јакимовски. 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе