Избран новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ги нема Димовски, Милошоски и Вељаноски

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва го избра новиот состав на Извршниот комитет (ИК) на партијата, а во неговиот состав веќе ги нема пратениците Илија Димовски, Антонијо Милошоски, како и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

 

Нов генерален сектретар на ВМРО-ДПМНЕ е Игор Јанушев, поранешен директор на ЈСП, а потпретседатели се Митко Јанчев, Александар Николоски и Владо Мисајловски.

За членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се избрани Иван Јорданов, Кирил Пецаков, Орце Ѓорѓиевски, Владимир Нелоски, Даниела Рангелова, Игор Николов, Трајко Славевски, Драги Димитриевски, Влатко Ѓорчев, Силвана Ангелеска, Тони Михајловски, Димитар Димовски, Дафина Стојаноска, Златко Перински, Коце Трајановски, Дејан Јовановски, Дејанчо Ефтимов, Цветан Трипуновски, Игор Божиновски, Костадин Богданов, Ане Лашкоска и Бајрам Требишки.

Претседателот на партијата и предлагач на Извршниот комитет, Христијан Мицкоски по завршување на Централниот комитет негираше дека ги исклучил од Извршниот комитет поради тоа што бараа одложување на Конгресот во Валандово.

“Јас во неколку наврати кажав дека станува збор за перфектни луѓе, прекрасни личности коишто биле активисти од партијата, извршувале големи и значајни државни функции, имаа уште многу што да дадат во структурите на партијата, така што не се исклучува можност за нивно понатамошно ангажирање во било кои сегменти во структурата на партијата, се разбира доколку тоа соодветствува со нивните амбиции”, изјави Мицкоски.

 

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе