ДЕМАНТ

Груевски: Немам имот на Водно

Најостро ги демантирам, како целосно невистинити наводите изјавени од Зоран Заев за тоа дека наводно сум купувал градежни плацеви, се вели во денешниот демант на премиерот Никола Груевски на вчерашната конференција за медиуми на претседателот на СДСМ.

„Не сум сопственик на каков било плац, или пак на каков било начин поседувам имот надвор од оној кој е пријавен во мојот анкетен лист, кој е јавно објавен. Овие наводи се целосно измислени и невистинити. Тоа  се лаги и конструкции чија цел е јасна, а тоа е моја компромитација, како дел од сценариото кое овој човек го одработува. Очигледно откако сфаќаат дека ефектот од ова што го прави Зоран Заев е далеку од она што го очекуваа, тој сè повеќе се заглавува во нови и нови конструкции и на тој начин сака да го дефокусира вниманието од неговата лична одговорност базирана на злоупотреби и тешки кривични дела“, се вели во демантот на Груевски.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе