27 РОДЕНДЕН НА ВМРО-ДПМНЕ

Груевски: Не давам оставка, ВМРО-ДПМНЕ мора да се реструктурира

ВМРО-ДПМНЕ треба да ги дефинира целите на своето идно делување, да ги подобри односите со дел од меѓународната заедница во насока на заедничките цели и интереси, но и да формира автентична политика кон помалите етнички заедници, вклучувајќи ги и Албанците кон кои мора да ги презентираме нашите верувања за заедничко живеење во државата, и да ги разбиеме стереотипите кон негативната кампања против нас во албанските медиуми, која беше свесно диригирана и темпирана во изминатиов период. ВМРО-ДПМНЕ мора да се подобрува и реструктуира, рече на прославата на 27 роденден на ВМРО-ДПМНЕ, партискиот лидер Никола Груевски.

Во јули истекува мандатот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е првата шанса за некакво преструктуирање на партијата со нови членови во извршниот комитет. Дознаваме, дека во ИК на ВМРО-ДПМНЕ од јули ќе влезат неколкумина помлади партиски активисти и истакнати поединци  од протестите против двојазичноста и униратноста на Република Македонија.

Претседателот на партијата, Никола Груевски досега неколку пати изјавил дека нема намера да се повлече од лидерската позиција.

„Немам намера да се повлекувам како победник на последните избори, како човек што ја доби довербата од најголем број на граѓаните“, вели Груевски.

На прославата на роденденот на партијата, во саботата Груевски повика на единство. „Сега на оние кои ѝ мислат лошо на Македонија потребен им е поделен ВМРО-ДПМНЕ, разнишан и тоа го стимулираат. Ние сме свесни за тоа. Зрелоста на членството е она во кое јас отсекогаш сум верувал и знам дека ќе одолееме на овие притисоци и нови игри. Нашата битка за Македонија не престанува овде. Напротив, таа допрва почнува. Допрва сме ѝ потребни на државата и на нашиот народ, затоа што допрва ќе следат многу погубни чекори од страна на СДСМ, на кои мора реструктуирано и со нова енергија да се спротивставиме сите.

Тука не е важен Никола Груевски, ниту кој било поединец од раководството. Јас сум спремен на сѐ, на најподмолни напади, на лажни судења и обвинувања, секојдневни лажни вести за мене, буквално на сѐ. Јас не се плашам од тоа. Но и ВМРО, но и ВМРО не смее да се плаши од предизвиците кои доаѓаат, туку да им погледне во очи и да ја одигра својата историска улога. Следните чекори ќе ги правиме заедно. Јавно и транспарентно. Јас само од вас барам да верувате во исправноста на нашето делување и одлуки, кои не се случајни.нОстануваме заедно, како еден, сплотени, единствени, ние сме ВМРО - демократска партија за македонско национално единство. Не заборавајте на нашите претци, ниту пак на подобрата иднина на нашите поколенија, за која сите ние посветено се бориме! Ќе дојде брзо денот кога ВМРО ќе се врати и ќе покаже зрелост и одговорност, повторно да ја води Македонија кон нови успеси и кон нови подвизи! Ќе дојде брзо времето кога народот со гордост ќе каже – единствената опција за вас и вашите семејства, за развој и подобар живот е ВМРО“, изјави Груевски пред партиското членство.

Објавено на

19 Јуни 2017 - 11:09

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе