ОД СТРУМИЦА

Груевски: Народот да се подготви за подолгорочен отпор, битката нема да заврши за неколку дена

Ова се драматични и историски времиња за Македонија, а народот треба да биде подготвен на подолгорочен отпор за справување со сценариото за државата, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска од Струмица. 

„Оваа битка нема да заврши за неколку дена. Затоа народот треба да биде подготвен за подолгорочен отпор. Заев и неговата банда по секоја цена сакаат да дојдат на власт, дури и по цена на насилство во Парламентот, како што се заговара овие денови, особено за наредната недела или по Велигден, со цел да ги реализираат нивните замисли и ветувања“, рече Груевски.

Според него, ВМРО-­ДПМНЕ и народот нема да дозволат, како што рече,  спроведување на тиранска платформа и преуредување на државата со крајна цел промена на името со  сценариото што го спроведува СДСМ со албанските партии.

Одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на Струмица, Груевски го кажа и неговиот став за излез од кризата.

“Треба само преку разговор, преку демократија, преку демократски дијалог во Парламентот да се изнајдат решенија коишто се добри за граѓаните и мнозинството народ ќе ги прифати. Најдобро можно решение се брзи избори на кои народот ќе види сѐ-СДСМ со тиранската платформа, а ВМРО-ДПМНЕ со концептот за стабилна, унитарна и граѓанска Македонија“, рече тој.

Груевски оттаму упати порака до СДСМ дека „ВМРО-­ДПМНЕ и народот нема да дозволат реализација на тиранска платформа, на тоа што тие го договориле само за да дојдат на власт и да спречат нивните криминали да бидат докрај истражени и да се соочат со санкции“.

„Ние знаеме дека во нивната одлука за продавање на државните и националните интереси голема улога имаат нивните криминали во минатото за што сакаат да ги запрат истрагите за понатаму. И народот го знае тоа и токму затоа народот е секојдневно на улица, бидејќи чувствува дека некој заради лични интереси и криминали во минатото и заради власт сака да ги прокоцка државните и националните интереси. Затао им порачувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе застане цврсто како што и досега останувала во одбрана на државните и националните интереси.

Живееме во прилично тешки и драматични времиња за унитарноста, државноста и за националните интереси и добро е што граѓаните се веќе сензибилизирани до степен што им станува јасно, дури и на оние што гласаа за СДСМ, дека во некои разговори некој продал некои работи и оти тие што го поддржале и гласале за него сега е моментот да застанат да се спротивстават на тоа и тоа го прават. Низ улиците не се само гласачи на ВМРО-­ДПМНЕ, туку се многу гласачи и на СДСМ и на други партии и луѓе кои не гласале“, порача Груевски. 

Фото: МИА

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе