КОНВЕНЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ

Груевски: На 11 декември народот ќе му одговори на Заев и на сите кои го потценуваа

Народот ќе им го даде својот одговор на сите кои го потценуваа. Сега му е мајката Заев да биде поразен за сѐ она што ѝ го направи на Македонија, рече во своето обраќање на партиската конвенцијата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Сакам да ве прашам едно важно прашање денес, без многу да кружиме, без да го симнуваме нивото на напади кон противникот, само ќе прашам употребувајќи ја изјавата на кандидатот за премиер на СДСМ господинот Зоран Заев – дали македонскиот народ е грдото лице на Македонија?! Дали ваков човек може да биде премиер, дали ваков човек заслужува да ја добие довербата на нашите граѓани“, праша Груевски.

Сакаа да не направат монструми, но народот го виде тоа, го препозна, вели првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

„Против Заев и неговите ментори во Македонија се случи нешто слично како во изборите во САД, ако погледнете има многу сличности во сето ова што и таму се случува. Против Заев се случи движење на тивкото мнозинство… Против Заев се случи народ! Тој народ на овие избори ќе донесе огромна победа за нашата коалиција и ќе покаже дека тој народ е газда во оваа држава. Ако порано било потешко, во илинденско или партизанско време, овој пат тоа ќе се направи со пенкалото на изборниот ден. Народот ќе им го даде својот одговор на сите кои го потценуваа. Сега му е мајката да биде поразен Заев и сѐ она што тој ѝ го направи на Македонија“, рече Груевски.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе