Груевски ги собра задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера одржа средба со претставниците на задграничните комитети на партијата.

„На средбата се разговараше околу актуелната политичка состојба во Република Македонија и проблемите со кои се соочува државата откако СДС ја презема власта. Претставниците на задграничните комитите на ВМРО-ДПМНЕ изразија загриженост за моменталната политичка состојба како и за реализацијата на предизборните ветувања на Зоран Заев и СДС кои водат кон разнебитување на државата. Исто така изразија и разочарување на односот на државата кон дијаспората и активноста на новиот министер за дијаспора Едмонд Адеми.   На средбата беа договорени и модалитетите за поголемо вклучување на дијаспората за реализација на партиските политики“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе