Груевски до младите лидери: Ако барате политичка кариера, бидете искрени во ветувањата

Владата која што ја предводев од 2006 до 2016 беше фокусирана на ЕУ-интеграциите. Во овој период добивме неколку позитивни препораки за отворање на преговорите од страна на Европската комисија, но за жал поради билатералниот проблем со Грција, процесот не започна, изјави лидерот во оставка на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е во оставка, на денешната „Академија за млади лидери - дијалог за градење силно општество“ во организација на подмаладокот на партијата - Унијата на млади сили.

„Нашиот фокус да ја трансформираме македонската економија низ привлекување странски директни инвестиции, скратување на административните процедури, стимулирајќи го внатрешниот раст и бенефициите за младите претприемачи, донесоа конкретни резултати“, рече Груевски.

Според него, способноста на политичките лидери да прават добро е неограничена, особено за прашања што се важни за граѓаните.

„Вредностите на нашата десноориентирана идеологија треба да се прилагодат на потребите на современото глобално општество. Тоа значи да се работи заедно, да се споделуваат идеи и да се креираат политики за посилна и инклузивна Европа“, порача Груевски.

Тој ги посоветува младите лидери доколку бараат политичка кариера да бидат искрени и чесни во ветувањата и да гледаат истите да можат да ги исполнат. Им порача да се фокусираат на прашањата што се суштествени за граѓаните.

На академијата што се одржува од 14-17 декември во Скопје, учествуваат над 50 млади политичари од Европа, кои се членови на ЕДС, подмладокот на Европската народна партија (ЕПП). 

Фото: МИА

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе

Мухамед Али Џина ѝ приговараше на соседната земја зошто се нарекува себеси Индија, а не Хиндустан.

повеќе

Откочувањето на политичките кризи со помош на форматот на лидерските средби не е најдобриот начин, но засега е најуспешниот за излез од повремената политичка кратковидост.

повеќе