Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се жали

Груевски до амбасадорите: Власта да престане со злоупотреба на државните институции

Изборната кампања и нејзиниот тек беа тема на разговор на денешната средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со амбасадорите на САД и на земји членки на Европската Унија и НАТО во Република Македонија.

„Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека во текот на кампањата се забележени низа прекршувања на изборниот процес, физички инциденти, демолирања на штабови, како и злоупотреба на државните ресурси во партиски цели.

Исто така беше истакната потребата од спроведување на фер и демократски избори, за што е потребен зголемен ангажман на државните институции“, се вели во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ, како што се наведува, ќе остане посветена во заложбата за спроведување на фер и демократски избори и создавање на демократски амбиент за сите учесници во изборниот процес.

„Неминовно е власта да престане со злоупотребите на државните институции, со цел запазување на демократијата. ВМРО-ДПМНЕ е убедена дека претстојните локални избори мора да бидат по највисоките стандарди, со цел Македонија да продолжи да чекори по патот кон ЕУ и НАТО“, се додава во соопштението.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе