ПАРТИЈАТА НА ЈАКИМОВСКИ ПРОТИВ ПРЕОДНА ВЛАДА

ГРОМ: Заев ја резили државата

ГРОМ не се согласува со формирање на преодна Влада бидејќи смета дека минатогодишните избори беа фер и демократски. Партијата оценува дека лидерот на опозицијата ја резили државата.

ГРОМ не се согласува со формирање на преодна Влада бидејќи смета дека минатогодишните избори беа фер и демократски.
-Ние како политичка партија целосно го поддржуваме договорот од 2 јуни постигнат во Скопје на средбата на која беа присутни еврокомесарот Јоханес Хан, четирите лидери на политичките партии и амбасадоротите на ЕУ и на САД. Тоа беше јасен план, кој што според нас е еден вид на компромис и во таа насока да се организираат избори во април каде граѓаните ќе го кажат конечниот збор, меѓу другото и во однос на сегашната криза, изјави на прес конференција, организациониот секретар на партијата, Љупчо Пренџов.
Тој за лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека „малку му беа петте месеци што државата внатре ја претвори во евтина турска серија, сега ја резили државата на меѓународен план, а неговиот 'бомбашки процес' се претвори во општа деструкција".

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе