По предлозите за измени на Изборниот законик

ГРОМ е за постојниот изборен модел

Пропорционалниот модел со шест изборни единици треба да остане како изборен модел во Република Македонија, вели партијата Граѓанска опција на Македонија-ГРОМ во соопштението до медиумите. Овој став е изграден врз основа на сознанието дека тој ги одразува спецификите на Република Македонија од повеќе аспекти и тоа демографскиот, политичкиот, социјалниот и други. 

ГРОМ смета дека изборниот модел со една изборна единица не одговара на приликите во РМ, дека цензусот што е составен дел на овој модел многу политички партии нема да бидат во можност да го остварат, а нема да може да се запази и мултиетничкиот карактер на државата.

ГРОМ смета дека изборниот модел со отворени листи на шест изборни единици нема да им даде еднаква можност на кандидатите од помалите општини во однос на поголемите општини во изборната единица, дека ги фаворизира големите општини и градови и дека не содејствува на политичкиот амбиент во државата.

ГРОМ бара од надлежните институции во државата да ги имплементираат препораките на ОБСЕ и ОДИХР и препораките на Венециската комисија при Советот на Европа со измени и дополнувања на Изборниот законик.

ГРОМ како политичка партија е подготвена да се вклучи во сите дебати, расправи по повод измените на Изборниот законик за да бидеме активни чинители во подобрувањето на целокупниот политички амбиент во државата.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе