На средбата во седиштето на ЦДУ беше нагласено дека германската ЦДУ во наредниот период внимателно и детално ќе ги следи актуелните состојби во Македонија, особено за спомнатите теми.
Ѓорчев и Венгер се согласија дека во наредниот период треба да се интензивира и продлабочи соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ, како дел од одличните односи помеѓу Македонија и Германија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.