На средбата Гаши ја нагласил конструктивната улога што ја имаше Движењето Беса низ целиот овој политички процес, која беше во функција на стабилизацијата на земјата и евроатлантската агенда.
Исто така, Гаши изјавил дека Беса ќе продолжи постојано да придонесува за благосостојбата на граѓаните и аспирациите за зачленување во НАТО и ЕУ.