ФРОДЕМ и Јанев предлагаат поднесување Нацрт резолуција за името до Генералното собрание на ОН

Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ) и професорот Игор Јанев побраа од претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и министри во Владата да поднесат Нацрт резолуција до Генералното собрание на ОН за прашањето за името, поради, како што велат, сé поголемиот притисок за промена на нашето уставно име, како и непринципиелните и навредливи ставови и предлози кои доаѓаат од претставници на парламентарните политички партии во Република Грција. 

Имајќи предвид дека ‘поранешната југословенска Република Македонија’, која е примена во членството на ОН во 1993 година, со Резолуцијата 47/225, по препорака на Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност, до денес е признаена од страна на огромно мнозинство од членовите на Обединетите нации со нашето уставно име и дека преговорите со Република Грција во врска со името на држава не дадоа никаков резултат;
Имајќи ги предвид членовите 2 (особено пара. 1, 4, 7) и 4 (1) од Повелбата на ОН;

Земајќи ги предвид и резолуциите на Генералното собрание 113 / II од 1947 и 197 / III од 1948 година, а особено Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата доставено на 28 мај 1948 година, во врска со неприфатливоста на предусловите за членство надвор од опсегот од исцрпните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации;

Потврдувајќи дека секоја држава природно има вродено право на име и тоа дека определување на имињата на државата претставува предмет на нивната суверена домашна јурисдикција,
Потврдувајќи исто така дека имињата на државата како правен идентитет на меѓународните субјекти се суштински елемент на нивната правна личност и нивната државност,

За да се реши долготрајниот невообичаен и неприфатлив членски статус на една членката на Обединетите нации, прашањето кое потекнува од необичните резолуции за прием во ОН со кои се утврдуваат предуслови надвор од опфатот на сеопфатните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации, а исто така и со цел да се заштити поредок на Обединетите нации, а особено правното претставување во системот на Обединетите нации,

Донесе одлука да го продолжи членството на државата, привремено реферирана како "Поранешна Југословенска Република Македонија", под нејзиното официјално уставно име Република Македонија“, пишува во текстот. 

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе