ФРОДЕМ бара нови делегати за вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ што би се одржал за 60 дена

Здружението Фронт за демократска Македонија пред денешната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги повикува членовите на разумно и статутарно постапување.

„Набрзина закажаниот и нестатутарно одреден предлог-термин за одржување на вонредениот конгрес на ВМРО ДПМНЕ сметаме дека е во прилог на ретроградните сили, криминализираните структури и непријателите на партијата. Желбата да се одржи брз вонреден конгрес замислен според теркот на досегашното раководство во заминување, уште еднаш ќе покаже дека партијата сѐ уште нема сили да се оттргне од прергратките на фамилијата. Одржувањето на вонредниот конгрес на партијата не треба да доведе до ново и дополнително разединување на партиското членство, туку тој треба да биде обединувачки конгрес“.

ФРОДЕМ предлага со оставката на Груевски во оставка е и Извршниот комитет кој веќе нема право донесува никакви одлуки, па зароа ЦК треба да донесе одлука за одржување на вонреден конгрес на партијата согласно одредбите од Статутот (кој ќе се одржи во рок од 60 дена од донесувањето на одлуката).

ФРОДЕМ бара ЦК да усвои критериуми за демократски избор на делегати на вонредниот конгрес и да го утврди максималниот број на делегати, а по усвојување на одлуката за вонреден конгрес и усвојувањето на критериумите за избор и број на делегати, да се избере заедничко координативно тело составено од досегашни членови на ЦК и ИК кои не се осомничени и обвинети по ниту еден основ и од претставници на внатре партиските групации и асоцијации.

До оддржување на конресот со пратијата да раководи новоизбраното координативно тело кое ќе изготви нацрт измени и дополнувања на Статутот и ќе овозможи општинските и месните комитети на партијата демократски да изберат делегати за конгресотна кој ќе се избре нов лидер на партијата и новите органи и тела.

До изборот на новото партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ, координативното тело треба да даде максимална заштита и поддршка на сите обвинети и осомничени партиски членови, да се залага да се почитува презумпцијата на невиност, да бара правично и фер судење на сите обвинети како и спречување на селективната правда, соопшти ФРОДЕМ.

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе

Мухамед Али Џина ѝ приговараше на соседната земја зошто се нарекува себеси Индија, а не Хиндустан.

повеќе

Откочувањето на политичките кризи со помош на форматот на лидерските средби не е најдобриот начин, но засега е најуспешниот за излез од повремената политичка кратковидост.

повеќе