Реакција

Фракција на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија доби нов кум во ликот и делото на Зоран Заев, Maкедонците на колена

Според Уставот на Република Македонија, според лично дадените гаранции при добивање на мандатот за мандатар, како и според изборната програма на СДСМ премиерот Зоран Заев нема мандат, легалитет ниту легитимитет во име на целата нација да договара промена на нашето вековно име, реагира Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со објавениот финален документ од преговорите за името, Република Македонија и Македонците се клекнати на колена. Македонија поради личната каприциозност на нашиот премиер е доведена во ситуација „земи или остави”. Договорот е историски само во поглед на целосното исполнување на грчките предусловите и срамната отстапка на македонските преговарачи. Република Македонија не доби ништо, туку го задржаа она кое го имаше и досега. Република Македонија и Македонците го изгубија Уставот, добивме ново име, ги поделија Македонците од Грција на грчки Македонци и словенски Македонци и со тоа ги прекинаа нивните крвни врски и потекло. Едноставно, Република Македонија доби нов кум во ликот и делото на Зоран Заев. Прифаќањето на ерга омнес и уставната ревизија е голем дипломатски успех за Грција и пораз на Македонија, бидејќи тоа значи користење на новото договорено име не само во меѓународните односи, меѓународните организации, форуми и документи, туку и во рамките на земјата и во сите домашни документи и исправи.

Посебно сме иритирани од бенигниот и нејасен став, на наметнатото раководство на ДПМНЕ, кој став е во функција на промената на името и прифаќање на понижувачкиот договор. Ставот да се чека референдумот и на него да се каже ,,НЕ” само ја покажува мрачната договорена нечесна игра во која резултатот е однапред познат. Целта е со помош на членовите на партијата да се постигне излезност на референдумот. И затоа членството и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не смеат да потпаднат на оваа манипулација на Мицкоски и наметнатото партиско раководство. Упатуваме апел до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со факти и аргументи да се спротивстават на најавеното гласање на договорот Заев – Ципрас во Собранието на РМ и пред неговото изгласување да поднесат неотповикливи оставки и да побараат нови избори. Само на нови избори еден лидер и политичка партија можат да добијат легимитет од граѓаните за промена на името. Немањето консензус за содржината на договорот го сметаме за основа, истиот да го прогласиме за нелегален и нелегитимен и во блиска иднина да бараме негово целосно поништување“, се вели во соопштението на  ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе