Единствена Македонија: Заев по стапките на Глигоров со брзопотезни промени во спорот за името

Единствена Македонија соопшти дека е длабоко изненадена од определбата на премиерот Зоран Заев за повторно враќање на штетната тактика на екстремна кооперативност во спорот за името што ја применуваше поранешниот претседател Киро Глигоров.

„Глигоров во спорот за името по налог на странците брзопотезно се согласи со промена на Уставот во 1992, промена на името во 1993, промена на знамето во 1995, мислејќи дека така ја импресионира европската јавност, но, Македонија повратно немаше никаква корист, иако практично ги потроши клучните адути во спорот за името.

Вчера, во Давос, Швајцарија, Заев тргна по стапките на Глигоров и брзопотезно се согласи за промена на името на аеродромот, автопатот... а за возврат доби отворено мајтапење од грчкиот премиер Ципрас кој ќе се смилувал и ќе покажел добра волја штом Заев на своевиден начин призна дека сме грешеле во изминатите 27 години со инсистирањето да бидеме Македонци. Значи, од Македонија повторно отстапки и спремност за промена на името, а од Грција добра волја“, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Оттаму му предлагаат на Заев, „кога веќе тргнал да го менува името на автопатот, да се вика ‘Геноцид’, како име за пат кој поминува и низ места во Беломорска Македонија каде се врши етничко чистење на Македонците во последните два века“.

За Единствена Македонија ова се антицивилизациски и антимакедонски отстапки, кои, како што велат, ќе станат безпредметни со зачленувањето на Македонија во Евроазиската унија и воспоставувањето на стратешко партнерство со Русија. 

Универзитетите повеќе не се место за натпревар помеѓу кандидатите во креација, научна продукција и сл., туку место за „вдомување“ на партиски активисти.

повеќе

Спортските организации својата активност премногу ја имаат насочено кон дејноста спорт како игра, тренирање или бизнис, а не кон спортот како социјална потреба во функција на подобрување на општествените состојби.

повеќе

Н е јасно како оваа одложена покана е поразлична од онаа од Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година.

повеќе