Единствена Македонија: Владата на Заев во јавноста пушти лажна анкета преку свои платеници

Од партијата Единствена Македонија на Јанко Бачев велат дека успеале да дојдат до недоамнешна анкета која, според нив, ја нарачала владата на Зоран Заев, а која покажува дека 91 отсто од испитаниците се против влез во НАТО, а 80 отсто ќе го бојкотираат референдумот.

„Резултатите од оваа анкета владата ги крие, а во јавноста пушти лажна анкета преку свои платеници: Меѓународниот центар за меѓународна соработка, Агенцијата „М-проспект“, која е во служба на СДСМ уште додека беа во опозиција, а Заев своевремено на двапати има добиено наменска награда од нив за таканаречен најуспешен менаџер во југоисточна Европа и владината телевизија „Телма“, со обезбедувањето на пропагандната подршка“, се вели во партиското соопштение.

Од Единствена Македонија додаваат дека марионетската власт во Скопје мора да е во очај штом со лажни анкети започнува специјална војна пред референдумот на 30 септември.

„Бојкотот на референдумот ништо повеќе не може да го спречи. Процесот е тргнат, храбро, решително и во интерес на народот, бидејќи, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат Македонците да бидат избришани од светската мапа на нации“, стои во соопштението.

 

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе