ДУИ ќе организира погреб на посмртните останки од Зајас

Организацискиот совет за откривање на злосторствата врз Албанците одлучи погребот на посмртните останки на жртвите на геноцидот врз Албанците да се одржи во сабота во меморијалниот центар „Мајка Тереза" во Зајас, Кичево.

Членовите на овој совет на денешната средба во Зајас разговараа за погребот на посмртните останки на жртвите од масакрите од 1913 година, па сѐ до Втората светска војна кои беа пронајдени во општина Кичево.

Во Зајас и на други места во Кичево пред извесно време беа откриени масовни гробници на жртвите од масакрите врз Албанците во овој период, соопшти ДУИ.

Пред една година во дворот на куќата на семејството на лидерот на ДУИ Али Ахмети во село Зајас, пронајдени се човечки черепи и коски од екстремитети за кои се претпоставува дека се од масовна гробница од 1913 година.

 

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе