ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛАДИНА КОАЛИЦИЈА

ДУИ да присуствува на инаугурацијата на Иванов ако сака договор со ВМРО-ДПМНЕ за нова влада

Почетните разговори за новата влада меѓу претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ на маса, освен условите на ДУИ, го стави и условот на партијата на Никола Груевски за присуството на пратениците на ДУИ на инаугурацијата на претседателот Ѓорге Иванов во Собраноето на Република Македонија.

Неуспехот на проектот на ДУИ за консензуален претседател беше причина за предвремените парламентарни избори и за бојкотоТ на приврзаниците на ДУИ на гласањето на претседателските избори. По завршувањето на изборите претставници на ДУИ неколкупати изјавија дека нема да ја признаат институцијата претседател.

Инаугуративната седница треба да се одржи веќе на 12 мај, кога и формално на Иванов му истекува првиот претседателски мандат.

Се уште не се знае каде ќе бидат тогаш пратениците на ДУИ – во или надвор од собраниската сала. Присуството на 19 пратеници на ДУИ на инаугуративната седница може да се толкува како чин на признавање на институцијата претседател, што е еден услов за успех во договорот за владина коалиција.

Конститутивната собраниска седница најверојатно ќе се одржи во сабота на 10 мај. 

Објавено на

08 Мај 2014 - 08:26

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе