РЕАКЦИЈА

ДС: Оставка од Ѓорге Иванов

Претседателството на Демократскиот сојуз соопштува дека одлуката за аболиција донесена од претседателот Ѓорге Иванов претставува своевиден државен удар врз Република Македонија и долгорочно го загрози демократскиот развој, перспективите на државата и го урниса правниот поредок.

„Ѓорге Иванов го погази начелото на презумпција на невиност и со одлуката за аболиција ја потврди одговорноста и вината на сите што ги амнестира без да имаат можност својата евентуална невиност да ја докажат пред суд. Ѓорге Иванов со оваа одлука ја вовлече Македонија во хаос и вонредна состојба, со тешки последици по стабилноста на земјата и нормално одвивање на животот“, соопшти Демократскиот сојуз и ги повика сите граѓани да се обединат, без разлика на нивната партиска, етничка, религиозна или друга припадност и да ја осудат постапката на Ѓорге Иванов.

ДС ги повикува граѓаните на масовни, но мирни демонстрации на кои ќе се бара оставка од Ѓорге Иванов. ДС предлага да се одржи средба меѓу лидерите на сите парламентарни и вонпарламентарни партии, на која ќе утврди стратегија за излез од кризата.

„Треба да се свика и Собранието, да одржи вонредна седница на која ќе започне постапка за импичмент на Ѓорге Иванов и да се донесе одлука за суспендирање на одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија кое ќе треба да избере експертска Влада со мандат да се справи со кризата и да ја одржи стабилноста во Македонија“, соопшти ДС.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе