ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Достоинство во коалиција со СДСМ, Aнгелов оди во МВР

На претстојните локални избори Достоинство ќе настапи како дел од коалицијата предводена од СДСМ, партијата ќе ја претставуваат потпретседателот Благоја Марковски и генералниот секретар Драган Василевски, а досегашниот партиски лидер Стојанче Ангелов останува обичен член на партијата и вработен во МВР.

Ангелов вечерва на Фејсбук објави дека главна причина поради која Достоинство влегува во оваа коалиција е убедувањето засновано врз досегашните потези и ветувања на премиерот, министрите за внатрешни работи и за одбрана, како и на други претставници на Владата и раководството на СДСМ, дека ќе излезат во пресрет на повеќето барања на Достоинство поврзани со правата на македонските бранители од 2001 година, но и со правата на сите други припадници на македонската армија и полиција.

„Втората причина поради која влегуваме во коалицијата предводена од СДСМ е нашата перцепција дека оваа Влада на задоволнително ниво ќе се бори против криминалот и масовната корупција во нашето општество.

Третата причина е можноста што ни е оставена и понатаму да излегуваме со наши ставови кои за одредени прашања ќе се разликуваат или дури ќе бидат спротивни на актуелните ставови на Владата на РМ, како што е, на пример, делот од т.н. законот за јазиците бидејки Достоинство е категорично против двојазични полициски униформи“, напиша Ангелов на Фејсбук.

Тој образложи дека се повлекува од позицијата претседател на Достоинство ппоради неговото враќање во МВР.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе