Реакција

ДОМ предлага ригорозни мерки против загадувањето

Македонските градови се и натаму потонати во смог и неопходни се ригорозни мерки против загадувањето. Од Демократската обнова на Македонија велат дека потребни се интервентни набавки на опрема за уништување на медицински и друг биолошки отпад во Дрисла, пречистувачи на воздух, апсорбери на чад од оџаци на домаќинствата, филтри на индустриски оџаци и слична опрема.

„Ова се неопходни и полезни инвестиции во здравјето. Паралелно, треба да се преземат или засилат мерките , кои значат реорганизација во однесувањето на институциите, правните субјекти и граѓаните", велат од ДОМ.

Финската студија за загадувањето на воздухот во скопскиот регион од 2016 година покажа дека извори се : 32% загревањето на домаќинствата, 20% сообраќајот, 19% градежништвото и 18% индустријата.

ДОМ предлага од денес до крајот на февруари да важат итните мерки:
Пар- непар (за да биде поефикасен бесплатниот јавен превоз), забрана за тешки товарни возила низ град, забрана за возила под Еуро 4 стандард, затворање на градилиштата, преполнување на производството или затварање на загадувачки погони, редовно собирање на отпадот, редовно миење на улиците, зголемени инспекциски контроли на општинските и државните инспектори за животна средина.

Уште зимава треба да се почне со среднорочните мерки: пропишување листа на дозволени горива во домаќинствата и индустријата (со забрана за нееколошки пелети со лепила), субвенции за печки на пелети, сончеви панели за топла вода, изолација на домовите, субвенции за вградување плински уреди во возилата што загадуваат, субвенции за хибридни и електрични возила и зголемување на возниот парк во јавниот превоз со електрични автобуси, додаваат од ДОМ.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе