ДОМ : Парламентарното мнозинство поднесе закон за урбано зеленило

Пратеничките и пратениците од парламентарното мнозинство Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Петар Шилегов, Стефан Богоев, Диме Велковски,Благоја Бочварски и Ејуп Алими, поднесоа Предлог на закон за урбано зеленило до Собранието на Република Македонија. 

„Со овој закон ќе се воведе целосен систем за планирање, проектирање, подигање, одржување, заштита, реконструкција, финансирање и управување со зеленилото. Во законот стои обврска за изработка на зелен катастар на сите урбани површини, односно попис на целото зеленило по број, вид и состојба. Внесен е стандардот од 25 м2 по жител зелена површина на ниво на град, како и задолжителен процент зеленило на градежна парцела од најмалку 20%. Во веќе изградените блокови ќе се прави компензација со поставување дрвореди и зеленило во жардињери, на покриви и фасади. Предвидена е строга заштита на постојното зеленило, особено на капиталните примероци, независно од видот на сопственоста“, соопшти ДОМ.

Предлогот на законот за урбано зеленило, ДОМ досега го поднесуваше трипати во Собранието, но, наместо закон за реална заштита на зеленилото, претходното парлемантарно мнозинство донесе т.н. „Закон за зеленило“, кој е само декларативен и без нормативи и мерки за заштита на зелените површини.

 

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе