Иницијатива пред Уставниот суд

Демократскиот сојуз бара преиспитување на Законот за одговорност на судии

Демократскиот сојуз достави Иницијатива до Уставниот суд за покренување постапка за оценување на уставноста на член 6 од Законот за Совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност на судија.
- Во врска со новодонесениот Закон за Совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност на судија, ДС достави Иницијатива до Уставниот суд за покренување на постапка за оценување на уставноста на член 6 од овој Закон, со кој се предвидува Советот да биде составен од 9 члена од редот на пензионирани судии (3), обвинители (3), професори (2) и адвокат (1), кои треба да засноваат работен однос со полно работно време и да извршуваат оперативни-истражни активности за утврдување на одговорност на судиите. Сите други се дискриминираат, односно само пензионери можат да бидат членови на ова „судско тело", стои во соопштението.
Ваквата одредба, според ДС, не е во согласност со член 9 од Уставот на Република Македонија, и е во спротивност и со член 104 од Законот за работни односи, каде е предвидено на работникот да му престане работниот однос, со 64 години, односно со 67 години старост.
На судиите, како и на членовите на Судскиот совет, мандатот им завршува со исполнување на условите за пензија, така, посочуваат од ДС, ваквиот исклучок е нелогичен, без оправдување и се коси со уставните определби за достапност на секое работно место на сите граѓани.
- Покрај тоа, членовите на овој Совет, во суштина како пониско тело на Судскиот совет на Република Македонија, во постапката за утврдување на одговорност на судиите, треба да извршуваат работи за кои се бара стручност, но и исклучителен напор при обезбедување на податоци и докази неопходни за поведување постапка за одговорност на судиите, посочуваат од ДС.
Демократскиот сојуз смета дека оваа активност можат да ја извршуваат млади, стручни кадри (дипломирани правници), кои користат повеќе јазици, компјутери, како и кадри кои не се оптоварени со релации со судиите, обвинителите и сл.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе