Демократски сојуз: ВМРО-ДПМНЕ врши блокада на Македонија

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ со опструкциите да се конституира Собранието, потоа изборот на претседател и потпретседатели на парламентот, да се спроведат кадровски промени во Јавното обвинителство и да се реформира судскиот систем, вршат класична блокада на реформите и блокада на реализација на програмите на партиите од мнозинството, соопшти Демократскиoт сојуз.

„Овие блокади значат и кочење на евроатланските процеси и спроведување на заклучните согледувања на Прибе, за реформи во тајните служби, медиумите и правосудството.

Определбата на опозицијата и преку неприфаќање на договорот за добрососедски односи со Бугарија, имплементацијата на уставните решенија за користење на албанскиот јазик и најавата за блокада за надминување на спорот наметнат од Грција, се нивна изборна платформа за градоначалници и советници. Тоа е силна манипулативна кампања која се обидува да допре до емоциите на граѓаните, независно каква цена ќе платиме сите и уште колку млади ќе се иселат од Македонија поради нездравиот амбиент што го создаваат, сиромаштијата и неправдата, како и блокадата на работата на клучните институции“, се вели во соопштението на ДС.

Партијата смета дека кадровските промени се клучни за имплементација на програмата на Владата и затоа треба да се реализираат во најкраток можен период.

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе