РЕАКЦИЈА

Демократски сојуз: Уставен суд легализира фалсификување избори и изборен грабеж

Со денешната одлука Уставниот суд создава законска можност за легализација на фалсификување на правото на глас и изборен грабеж. Ако некој може да ги крши основните цивилизациски вредности, да владее со кршење на изборните правила, да ја менува волјата на граѓаните со закани, притисок, со коруптивни понуди, да ги руши темелите на демократијата, а за тоа да може да биде амнестиран, е надвор од било какво владеење на правото и правда, реагираше Демократски сојуз (ДС) откако Уставниот суд ја прифати иницијативата претседателот да помилува осуденици за изборни нерегуларности.  

Според ДС, на чело со Павле Трајанов, одлуката на Уставниот суд е политички мотивирана, спротивна на Уставот и претставува класична злоупотреба на функцијата судија.

Судот наместо да ја цени уставноста на законите и да ги штити основните права на граѓаните, на голема врата отвора можности за помилување на извршители на тешки кривични дела без водење на судска постапка“, реагира ДС.

Демократскиот сојуз ја повикува експертската јавност, со силата на правни аргументи да се спротивстави на оваа, како што велат, апсурдна и правно неиздржана одлука.

Инаку, иницијативата за претседателот да помилува лица осудени за изборни нерегуларности денес од Уставниот суд беше прифатена со 5 гласа „за" и 4 „против". Овој предлог дојде по отворањето на случајот „Титаник" од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во кој за злосторничко здружување и изборни манипулации се осомничени високи функционери на власта, меѓу кои и поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, генералниот секретар Кирил Божиновски и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.Од СЈО рекоа дека истрагата за овој случај продолжува и покрај одбивањето на судот на предлозите на специјалните обвинители за притвор на осомничените лица.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе