Демократски сојуз: Резолуцијата на Европскиот Парламент, гаф на нашата дипломатија

„Резолуцијата на Европскиот Парламент, со која се бара да се почитуваат правата на "бугарското население" во албанските региони, Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, каде што живеат Македонци, претставува сериозна провокација од официјална Софија, но и голем гаф на македонската дипломатија, која не презема ништо за да ги информира и предупреди европејците дека носењето на таквата резолуција не е одраз на реалните состојби во тие региони", соопштија денеска од Демократски Сојуз.

Од таму соопштија дека Европскиот парламент не смее да "наседнува" на злоупотребите со членството во ЕУ, кои ги прави Бугарија со издавањето државјанства и пасоши на Македонци.

„Познато е дека голем дел од нив, било да живеат во Република Македонија, или се малцинство во некоја од соседните држави, од чисто економски причини земаат бугарски пасош, која за нив е патна исправа што им овозможува непречен влез и престој во земјите на Унијата", велат од ДС.

Од партијата соопштија дека Бугарија неколку пати била опомената поради ваквата пракса на злоупотреба на патните исправи, но дека таа продолжува и понатаму.

„Инаку, во Албанија нема бугарско национално малцинство, туку македонско. Доколку имаше, ќе формираше свои културни друштва или политичка партија и ќе покаже и друг вид на активности", потенцираат од Демократскиот сојуз.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе