Демократски сојуз предлага фазно решавање на спорот со Грција

Демократскиот сојуз смета дека спорот за името на нашата држава наметнат од Република Грција треба да се решава во три фази, а тоа може да биде добра основа за деблокирање на евроатланските процеси.

„Со оваа стратегија предлагаме во првата фаза прифаќање на компромисно решение за името преку замена на референцата „поранешна југословенска Република Македонија“, односно прифаќање на решение за име за меѓународна употреба. Во оваа фаза се смета дека е апсолвирано прашањето сврзано со националниот идентитет и јазикот.

По прифаќањето име за меѓународна употреба и неговата верификација во Владите на  Македонија и на Грција, Република Македонија да биде примена во НАТО и да започнат преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

По прифаќањето компромисно решение за името за меѓународна употреба, Советот на НАТО доставува покана за членство на Република Македонија во НАТО и во текот на една година, договорот за полноправно членство на Република Македонија во НАТО, се ратификува од страна на сите членки на Алијансата.

Истовремено, Македонија ги започнува пристапните преговори за влез во ЕУ при што треба да се инсистира отворањето и затворањето на поглавјата да се одвива во скратени рокови, односно Македонија да биде ставена на своевидна “брза лента“ за да се постигне преговорите да завршат во најкус можен рок.

Во оваа фаза, Република Грција треба да се обврзе да ја поддржи Република Македонија без било какви условувања, ограничувања или активности кои ќе го опструираат целиот процес“, се вели во соопштението од ДС.

Втората фаза, според ДС, опфаќа формирање заедничка Комисија за решавање на сите отворени прашања помеѓу Македонија и Грција, преку потпишување договори, а посебно за опсегот на користење на името за меѓународна употреба, користење на зборот „Македонија“, односно демонополизација на географскиот поим Македонија, неменливост на границата и др.

Во текот на втората фаза, преговорите за прием во ЕУ да течат без  блокади, односно со поддршка од страна на Република Грција. Во оваа фаза, според предлогот на партијата, битно е да се разговара за прашања кои ги оптоваруваат односите меѓу двете земји. 

Едно од клучните прашања кое треба во овие рамки да се иницира да се разреши е опсегот на користење на името за меѓународна употреба, со инсистирање тоа име да се користи само во рамките на ООН и нејзините организации, без какви било инсистирања или препораки посебно кон државите кои имаат воспоставено дипломатски односи со Република Македонија под нејзиното уставно име, како и меѓународни организации, економски, културни, спортски и други, кои не се дел од ООН.

Демонополизацијата на зборот “Македонија“ треба да биде предмет на посебен договор, при што двете држави го задржуваат правото да го користат овој термин без ограничување. Истото би се однесувало и за изведените именски и придавски форми од зборот “Македонија“. Тоа значи дека и натаму Република Македонија си ги задржува своите институции под сегашните називи (МАНУ, МРТВ и др.)

„Во третата фаза, на предлог на посредникот Метју Нимиц, се предвидува донесување резолуција од страна на Советот за безбедност на ООН за решавање на спорот, со анекси во кои ќе бидат опфатени постигнатите договори помеѓу Република Македонија и Република Грција. По донесувањето на Резолуцијата и исполнувањето на критериумите, Република Македонија да биде примена како полноправна членка во ЕУ.

Целокупниот процес да се одвива под покровителство на посредникот назначен од страна на ООН, господинот Метју Нимиц, како и во соработка со ЕУ, САД и НАТО.

За да се постигнат крајните резултати, овој процес треба да биде поддржан од ЕУ, САД и од НАТО, односно од сите држави-членки на овие организации“, се додава во соопштението.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе