Демократски сојуз: Носењето на буџетот е смислена стратегија за блокада на изборните активности

Демократскиот сојуз смета дека носењето на Буџетот на Република Македонија во септември и во услови кога имаме преодна, техничка Влада, како и утврден датум на парламентарните избори, претставува добро осмислена стратегија за блокада на изборните активности и насочување на расправата кон крајно популистички и клиентелистички буџет.

„Власта очекува опозицијата, независните експерти, како и медиумите, да распалат против буџетот и буквално да упаднат во поставената стапица. Наводно, тие предлагаат развоен буџет, повеќе пари за капитални инвестиции, социјални трансфери, повисоки пензии и плати, а опозицијата се противи“, соопшти ДС.

Партијата предлага да не се губи време во јалови расправи и трошење енергија на предлог-буџетот.

„Да постигнеме цврст договор дека по изборите ќе донесеме нов буџет, согласно потребите на граѓаните, бизнисот и државата, без дополнителни задолжувања и градење на споменици, панорамски тркала, како и дека ќе спроведеме силна офанзива против организираниот криминал“, предлага ДС.

 

Објавено на

21 Септември 2016 - 11:10

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе