ПРЕД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Дејан Паноски ја напушти ВМРО-ДПМНЕ, најверојатно ќе се кандидира за градоначалник на Охрид

Aктуелниот советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Охрид Дејан Паноски реши да ја напушти партијата. Можно е тој за претстојните локални избори да се појави како независен кандидат за градоначалник на Охрид.

Паноски беше и поранешен државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Вчера во некои медиуми беше објавено дека во општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид дошло до посериозен инцидент и кавга меѓу истакнати членови на партијата. Неколку часа подоцна на својот Фејбук профил Дејан Паноски - Пана објави дека ја напушта ВМРО-ДПМНЕ.

„Не ја оценувам потребата, моментот и интенцијата на некои натписи во кои има и невистини. Многу битна вест. Но, нивно право. Точно е само дека секогаш сакав да помагам на Охрид, Македонија и партијата. Да,тоа не беше ценето, ама ОК. И затоа навистина не гледам повеќе на кое ниво во активната политика би бил. Останувам поддржувач на вистинските вредности. Се надевам дека низ политичката борба придонесов нешто во борбата за Охрид, посебно за зачувување на неговите вредности. Стручната борба допрва станува посилна за Охрид “, напиша Паноски.

Денеска, по бројните реакции Паноски повторно се јави на својот Фејсбук профил: „Кога носевме процеси, статус и проекти за регионот и го браневме Охрид- неинтересно. Кога ќе се каже дека немаш интерес веќе за политички функции и активно занимавање со политика - настанува фурија. Голема работа :-).

Е за ова, за промена на вакви вредности се борев. И кога нема разбирачка, нормално треба да се ослободи местото. И тоа е сѐ. Без никакви позадини“.

 

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе