По поразот на СДСМ

Црвенковски реши да остане, следуваат нови партии

Неколкумина млади социјалдемократи најавија дека нема да чекаат повеќе. Тие решија да почнат да прават нешто и покрај сè. Тие се решени, ама во Скопје, во сениорското раководство на СДСМ, сè уште нема таква иницијатива

 .Бранко Црвенковски

Барем не официјално. Бранко Црвенковски, актуелниот лидер на СДСМ, и во изјавата по седмиот по ред изборен пораз не даде назнака дека е решен да го исполни неколку пати даденото ветување за свое повлекување од политиката. Според него, мнозинството народ пак ја згреши затоа што не гласало за неговата партија. Тој истото образложение за определбата на гласачите ја даде и на претходните, за него погубни избори – народот е секогаш во право, па дури и кога греши. И вчера пак - клучно е прашањето што ќе направи народот.

Мнозинството народ и вчера и неколкупати претходно направи. Му покажа црвен картон на Црвенковски. А тој пак најавува дека победата е тука, дека се лажат тие што мислат дека „ние сме поразени. Ние како поединци, како политички партии, ќе ја продолжиме нашата битка против оваа недемократска власта, до крај“.

Ова е отворена најава дека на конгресот на СДСМ во мај еден од можните кандидати, ако не и единствен, за лидерското место на партијата ќе биде пак Црвенковски.

Владо Бучковски Овој податок отвора две можни сценарија за тоа како ќе се развива социјалдемократската матрица во земјава. Првото е можната жестока пресметка внатре во СДСМ, слично на оваа најава на младинците. Тоа би подразбирало обиди за преземање на општински комитети, борби за печати, кандидирања, лобирања, купувања на делегати... А второто можно сценарио, на кое очигледно во меѓувреме малку и се Кире Наумов подработувало, е повлекување на опозиционерите во опозицијата и пишување план и програма за наредната петолетка за новиот политички субјект на партиската мапа на Македонија. За второто сценарио веќе подолго време се зборува преку отвореното незадоволство од внатрепартиските состојби на истакнатите социјалдемократи Владо Бучковски и Кире Наумов. Од нивните јавни досегашни настапи може да се насетат овие две сценарија.

Андреј Жерновски По победата во скопската општина Карпош, која победникот Стевче Јакимовски веќе ја нарече победа над политиката на Црвенковски, се отвора уште една врата за преродување на старата либералнодемократска гарда, можеби дури и предводена од Андреј Жерновски. Предводени од новата опозициска надеж, на политичката сцена би можеле пак да се појават и Панчо Минов и Јован Манасиевски и Стојан Андов и Петар Гошев...

А.Д.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе