Стојан Андов

Црвенковски го однесе СДСМ во ќор-сокак

Бранко Црвенковски да се повлече од позицијата лидер на СДСМ зашто по одлуката за бојкот на изборите го однесе „Сојузот за иднината" во ќор-сокак. Партискиот конгрес во мај треба да му го остави на друг да го организира.

Стојан Андов

Ова му го порача почесниот претседател на Либералната партија, Стојан Андов, на коалицискиот партнер Црвенковски.

„Денес влијанието на Црвенковски е многу слабо и немоќно. Тоа се сведува на пуштање дезинформации во медиумите дека сѐ уште е можен политички договор за прекинување на изборните активности, што очигледно е измислица“, вели Андов за неделникот „Фокус“.

Лидерот на СДСМ, нагласува некогашниот претседател на парламентот, да му остави простор на друго раководство да се адаптира и без негово влијание да го подготви конгресот во мај, на кој би требало да се избере ново раководство.

За Андов, најавите за враќање на пратеничките мандати од опозицијата се мерка за застрашување на ВМРО-ДПМНЕ, која само ќе го урне угледот на Црвенковски.

„Политичкиот простор на Црвенковски му се стеснуваше од час во час и тој само со полуинформации или сосема неточни информации го одржуваше единството на раководството на СДСМ за поддршка на бојкотот на изборите и за поднесување писмени оставки на пратениците од опозицијата. Таа политика го одведе СДСМ и целата коалиција на сојузот за иднина во потполн ќор-сокак. Факт е дека се многу нејасни и изјавите што Црвенковски ги дава овие денови. Од нив не се гледа дали тој воопшто ќе излезе од оваа криза“, вели Андов и додава дека повлекувањето на лидерот на Црвенковски треба да дојде деновиве.

Во интервју за неделникот Република, Ивон Величковски, претседателот на партијата на Андов, Либералната партија, вели дека со бојкотот на изборите го дава последниот влог во коалициската солидарност за да не се излезе од договорените рамки. Тој вели дека му е криво за одлуката за бојкот. Ивон Величковски е единствениот пратеник од опозицијата што сѐ уште ја нема депонирано оставката од функцијата пратеник.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе