ПРОМЕНИ ВО СОБРАНИСКИОТ СОСТАВ

Чедомир Саздовски стана независен пратеник, не е веќе член на ГРОМ

Пратеникот на Граѓанската опција за Македонија Чедомир Саздовски ја напушти партијата која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и отсега во Собранието ќе делува како независен пратеник. Саздовски порано беше член на СДСМ.

Чедомир Саздовски

Поранешниот близок соработник на првиот човек на ГРОМ Стефче Јакимовски, вчера го известил претседателот на Собранието Талат Џафери дека отсега ќе работи како независен пратеник.

ГРОМ во последниот парламентарен состав имаше двајца пратеници, а сега само Панчо Минов ќе делува како пратеник на партијата на Јакимовски.

Градоначалникот на Карпош Стефчо Јакимовски на последните локални избори во неделата доживеа пораз од противкандидатот на СДСМ.

Саздовски вели дека оваа одлука ја донел уште на 27 април, кога се случи насилството врз пратениците во Собранието.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе